Најчесто поставувани прашања

  • Што е разликата помеѓу Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за користење на податоците од јавниот сектор од аспект на крајните корисници?

Граѓаните и други заинтересирани субјекти можат до институциите односно имателите на информации од јавниот сектор да достават барање за некоја информација. Во принцип, таквите барања се однесуваат на информации во вид на документи или одговори на одредени прашања при што институцијата која го дава одговорот истиот го дава во вид на некаков документ односно информација како целосна смисловна содржина или копија од барани документи.

Овој вид информации од аспект на отворените податоци претставуваат смисловни целини кои во себе содржат веќе обработени податоци и истите немаат можност за поширока намена од онаа за која се дадени.

Затоа Законот, за користење на податоците од јавниот сектор предвидува објавување на необработени податоци што им дава можност на крајните корисници сами да ја определат содржината при нивното користење.

 

  • Кога се доставува барање за отворање податоци?

Барањето за отворање ПОДАТОЦИ не се доставува кога подносителот на барањето бара ИНФОРМАЦИЈА која се добива од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (види прашање 1).

Но, доколку на порталот за отворени податоци не најдете податоци или податочни сетови кои ви се потребни за изработка на некаква апликација, веб сервис (услуга) или друга содржина можете да го пратите вашето барање преку порталот, а потоа ние ќе се обидеме бараните податоци да ги преземеме од органот на јавниот сектор кои истите ги создава (барање за отворање податоци).

 

  • Кои институции даваат отворени податоци?

Отворени податоци даваат само органите на јавниот сектор кои ги исполнуваат техничките можности за објавување податоци во отворен формат и со тоа да ги направат достапни за натамошно користење.

 

  • Дали може да пријавам дека некој податок не е ажуриран?

Да, може. Доколку податоците кои се објавени не се ажурирани согласно предвидената динамика  напишете ни  коментар кај соодветниот податок/податочен сет.